Со враќањето на предимензионални сакоа, панталони со широки ногавици и огромни блузи кои се позајмуваат од машкиот гардеробер, фустаните кои ја следат силуетата на телото исто така полека заминуваат во заборав.
За тоа дека и удобноста може да биде шик, докажуваат сите наведени парчиња облека, но и овој модел на фустан кој стана вистински моден тренд ќе го гледате насекаде ова лето.
Станува збор за т.н. „грди“ фустани кои со својот крој потсетуваат на ноќници од вашите баби, а ги красат широки „надуени“ ракави, висока јака и крој кој им прилега буквално на сите, бидејќи не ја следи лидијата на телото, туку од градите се шири во А-крој.
Овој практичен модел на фустан ќе сокрие сè што сакате да сокриете и притоа ќе ви пружи удобност и шик изглед. Ако го искомбинирате со сламена ташна, интересни сандали и очила за сонце, ќе добиете совршен изглед за топлите денови, а многу девојки можеби ќе ве прашаат „каде сте се облекле“.
Иако луксузните дизајнерски модни куќи го препознале потенцијалот на овој модел на фустан, не се грижете, „грдите“ фустани ќе може да ги најдете речиси во сите бутици и по исклучително поволни цени.