Google сака да го уништи Huawei: 2,5 милијарди корисници во паника, започнува светска ИТ војна!

Точка

21/05/2019

13:44

5.381

Големина на фонт

а а а

Американскиот технолошки гигант Google ја прекина соработката со кинеската компанија Huawei, чии паметни телефони со оперативниот систем „Андроид“ ги користат 2,5 милијарди корисници ширум светот.

Оваа одлука Google ја донесе откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го стави Huawei на црната листа на компании и им забрани на американските компании да соработуваат со нив. Според аналитичарите, ова е обид за уништување на еден од најголемите производители на телекомуникациска опрема во светот.

Одлуката предизвика вознемиреност меѓу корисниците на паметните телефони на кинеската компанија. Иако и двете компании тврдат дека нема место за паника, раскинувањето на соработката би можело да има тешки последици по сите корисници на Huawei, затоа што ваква „технолошка војна“ во светот е нешто сосема ново.


Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, моќната кинеска компанија која од Вашингтон ја обвинуваат дека е „продолжена рака“ на кинеската армија и разузнавачи, ќе го загуби пристапот на ажурирање на оперативниот систем „Андроид“ на Google, но корисниците ќе останат и без популарните услуги како што се Play Store, Gmail, YouTube, Maps, Drive и слично.

Huawei ќе можат да ја користат само отворената верзија на „Андроид“ и нема да има пристап до апликациите на Google, но иако Кинезите го губат пристапот до најпопуларните апликации на светот, од компанијата и натаму ги уверуваат своите корисници дека немаат причини за загриженост.

Наскоро ќе бидат погодени само новите телефони на Huawei и на нив нема да биде возможно користењето на наведените апликации.


„Подготвивме сопствен оперативен систем. Ако се случи да не можеме да ги користиме системите на Google и Microsoft, ќе бидеме подготвени. Тоа е нашиот план „Б“. Но, секако дека повеќе би сакале да работиме на екосистемите на Google и Microsoft“, изјави Ричард Ју, главниот извршен директор на секторот за корисници при Huawei.

„Не сме направиле ништо што го прекршува законот. Очекуваме забавување на растот на Huawei, но само незначително“, изјави основачот и генералниот директор на кинеската компанија, Реј Женгфеј кој исто така нагласи дека во компанијата се подготвувале за вакво сценарио.


Ограничувањата кои ги воведува Google би можеле драстично да влијаат на пазарот во Европа. 

„За Huawei, Европа е вториот пазар по големина, па оваа одлука ќе ги погоди. Функционирањето на овие апликации е клучно на европскиот континент ако сакаат да останат конкурентни“, изјави портпретседателот на компанијата за истражување на пазарот CCS, Геоф Блабер.

Huawei веќе подолго време се наоѓа на удар на Вашингтон, по чие што барање канадските власти ја уапсија Менг Ванжу, главна финансиска директорка на компанијата и ќерка на основачот. Покрај тоа, голем е притисокот врз британските власти, на Huawei да им го одземат правото на развивање на 5G мрежата во Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг