Новиот Nissan Juke ќе биде поатрактивен, поголем и технолошки понапреден

Точка

11/06/2019

16:35

2.820

Големина на фонт

а а а

Новиот Nissan Juke ќе може да се пофали и со хибридна технологија, а нема да биде големо изненадување и доколку се појави во целосно електрична верзија.

После речиси 10 години во продажба, конечно ќе пристигне новата генерација на популарниот мал џип на Nissan. Како што пренесува Auto Express, новата генерација на Nissan Juke би требала да пристигне на почетокот на идната година.

За да биде овозможена побрза и поефикасна имплементација на хибридниот погон, новата генерација на Juke ќе биде „изградена“ на CMF-B платформата на Renault-Nissan алијансата, на која што е произведен и новиот Renault Clio, како и идниот Captur.


Се очекува во понудата да има 1,6-литарски четирицилиндрен бензинец, како и електромотор со батерија од 9,8 kWh, кој би требало да обезбеди електрична автономија од околу 35 километри. Покрај тоа, се споменува и 1,0-литарски турбо троцилиндрен мотор, како и 1,5-литарски турбо дизел мотор.

Голем акцент кај новата генерација на Nissan Juke ќе биде ставена на пространоста, еден од сегментите кој беше најмногу критикуван кај актуелната генерација. Новата платформа ќе обезбеди и поголеми димензии и поголемо меѓуосовинско растојание, што ќе обезбеди повеќе сантиметри простор во висина и должина. Исто така, се очекува и зголемување на багажниот простор од 354 на 380 литри, што е на нивото на VW Golf.


Исто така, може да се очекува и големо унапредување кога станува збор за дигиталната технологија, вклучувајќи го и ProPILOT системот на Nissan кој овозможува автомобилот да ја преземе контролата над забрзувањето, сопирањето и управувањето.

Новиот Nissan Juke, баш како и актуелниот, ќе се произведува во фабриката на Nissan во Сандерленд, Велика Британија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk