Конечно си помисливте дека не може да ве изненади, а потоа објави “незгодна“ фотографија

Супермен

17/06/2019

17:45

2.350

Големина на фонт

а а а

Роби Вилијамс со години ужива во статусот на секс-симбол и конечно кога помисливме дека видовме сè, оваа поп легенда објави фотографија на социјалните мрежи и остави многу мал простор за фантазија на луѓето кои ја видоа.

Популарниот пејач објави провокативна фотографија со која изненади речиси два милиони следбеници, пишуваат од „Daily Star“.

На фотографијата Роби стои потпрен на ограда со поглед во далечина, а на своето тело полно со тетоважи покрај ланче и часовник носи само црни гаќи.

Оваа фотографија има шеговит опис: „Кажете ми кога можам да издишам“ - напишал пејачот, а потоа неговите обожаватели го преплавиле со коментари.

View this post on Instagram

Let me know when I can breathe out

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams) on

„Доаѓам кај тебе“ - искоментирал водиетлот Енди Коен заводливо, додека пак многу фанови признале дека не одолеале на зумирањето на покриениот дел од телото.

Фотографијата излегла по трачот дека Роби Вилијамс повторно ќе биде во жирито на „X Factor“, а тој го демантираше тоа.

„Се обидоа да ме задржат, но тоа нема да може затоа што имам албум кој треба да го промовирам“ - изјавил Роби.

За разлика од фотографијата, за албумот не сакаше ништо повеќе да открие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk