“Мерилин Монро ми ја одзеде невиноста кога имав 15 години, со денови не излегувавме од кревет”

Точка

27/08/2019

21:45

26.520

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Џани Русо кој се прослави со улогата во култниот филм “Godfather” тврди дека ја изгубил невиноста со Мерилин Монро, и тоа кога имал само 15 години.

Во интервју за британскиот “The Sun”, Русо изјавил дека на почетокот на нивната сексуална врска Мерилин имала 33 години и “направила маж од него”. 


“Ме научи на сè што знам. Мислев дека сум најсреќното момче на светот, но тоа да се случеше денес, мислам дека таа би била уапсена и моите родители би се обиделе да извлечат пари од неа”, вели актерот.

Опишал и како се случил нивниот прв секс:

“Беше сама во раскошен апартман со огромна тераса, но сè изгледаше како сет на филм за катастрофа. Облеката лежеше расфрлана насекаде, валканите садови стоеја на масата. Креветот не беше наместен и изгледаше како бездомничка без шминка. Беше замотана во бел пешкир и држеше шише шампањ во рацете”, вели Џани и додава дека прво се избезумил, а потоа се опуштил.


“Немав поим што да правам или што таа очекува. Останавме цел викенд во кревет, излегувавме од него само кога моравме”, вели актерот и додава дека нема трауми бидејќи спиел со Монро на своја 15-годишна возраст.

“Дали се вознемирив? Не. Имав секс со најжешката американска филмска ѕвезда и секс симбол”, заклучил актерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk