Јапонец со надимак Хираги Сенсеи, привлекол многу внимание на азиските социјални мрежи, после драматичната физичка транформација за која тврди дека била возможна со само четири минути тренинг со висок интензитет дневно.
Интригантната приказна започнала во март, кога Хираги објавил фотографија од својот желудник на Твитер, со ветување дека потполно ќе се промени. Пет месеци подоцна објавил уште една фотографија покрај старата, за да покаже колку драматично се променило неговото тело.
3月から始めたダイエットも今月でやっと目標だった58kgを切ることが出来た!
— 柊せんせー@skeb募集中/FANBOX更新中 (@hiiragisensei) August 3, 2019
ウエストも66cmまで落ちたけど、まだ脂肪は結構ある感じなので、継続して落とせるだけ落とす
ダイエットは、運動より食事だね
運動しまくってたけど、なかなか減らなかった
食事見直すだけで目に見えて減ったよ pic.twitter.com/CmRhTIh3xI
Вели дека сето тоа го постигнал благодарение на режимот Табата - 4-минутен тренинг со висок интензитет, кој секојдневно го повторувал 5 месеци. Откако ја споделил неверојатната пред/потоа фотографија минатиот месец на Твитер, многу брзо станала вирална, а сега објавува и снимки на Јутјуб.
На една од нив покажал како изгледа неговата 4-минутна дневна рутина, која вклучува осум серии интензивно вежбање по 20 секунди, со 10 секунди пауза измеѓу секоја серија.
Хираги вели дека тој режим му помогнал да намали 13 килограми и да ја намали телесната маснотија на 18,2%. Наводно од 72 дошол на 59 килограми. Нормално, го прилагодил и режимот на исхрана. Вели дека консумирал 1500-2000 калории. Јадел двапати дневно, а избегнувал благи пијалоци и десерти. Но, во еден од своите твитови нагласил дека клучот за успех е во одлучноста и упорноста.
„Го променив ова во пет месеци, но всушност се лажев самиот себе во последните две години, велејќи дека ќе ослабнам“, објаснил тој. „Сега кога ќе размислам, не бев сериозен околу слабеењето. Кога ќе си поставам јасна цел и сакам да ја остварам, горе-долу можам да ја направам.“