Холивудската актерка Баи Линг ги најави своите мемоари „Моите скандалозни романси во Холивуд“, во кои ќе зборува за својот бурен љубовен живот со познати личности. Таа вели дека книгата ќе биде „шокантна“ и инспирацијата за неа ја добила од Бритни Спирс.
Линг откри дека ќе сподели детали за врските со познати имиња, а медиумите ја поврзуваа со Мики Рурк, Бил Мар, Лајонел Ричи, Ник Картер и Крис Ајзак. Некои изјави во книгата, како што најавува, ќе бидат скандалозни.
„Пишувам книга за сите романси што сум ги имала во Холивуд. Сакам луѓето да ја видат приказната на една девојка од Кина која дошла без да познава никого, а потоа запознала толку многу славни мажи“, изјави Линг.
Таа откри дека ќе пишува и за односот со актерот Мики Рурк, но и за други личности кои ќе ги изненадат читателите. Иако била загрижена за реакциите, нејзиниот адвокат ѝ потврдил дека може да ги користи вистинските имиња.
Линг сподели и своето гледиште за љубовта и бракот. Таа верува дека вистинската љубов е чиста врска и не мора да биде ограничена со традиционални норми. „Врската за една ноќ или доживотната врска се исти – важен е интензитетот, не времетраењето“, вели таа.
Актерката досега напишала 200 страници, а пред објавувањето сака да одлучи кои љубовници ќе бидат споменати.
„Не можам да ги вклучам сите. Не се ни сеќавам колку љубовници сум имала. Оваа приказна е храбра и единствена“, додава Линг.