Ги тепал сите со ред и се одрекол од пензијата во корист на државата: “Дивиот Југословен“ за време на бомбардирањето со еден потег покажал колкав патриот е

Супермен

07/11/2019

20:45

4.754

Големина на фонт

а а а

Драгиша Станковиќ Челик е еден од најдобрите боксери кои некогаш ги имала поранешна Југославија. Тој е роден на 5-ти ноемви 1939-та година во Власотинце, но подоцна се преселил во Ниш каде што покажал колкав талент за боречки вештини има.

Драгиша на 17 години почнал да тренира бокс додека веќе следната година бил капитен на првиот тим и самостојно боксувал против тогашнит двократен првак на државата.

Станковиќ во неговата кариера боксувал за “Работнички“ од Ниш и “Партизан“ од Белград. Во кариерата имал 520 натпревари од кои остварил 512 победи и 8 порази. Како професионалец имал 20 натпревари и 20 победи со дури 19 нокаути.

Во текот на бомбардирањето тој на војската ѝ поклонил 30 тони кафе и покажал колкав патриот е така што се откажал од својата пензија во корист на државата.

Се дружел со жестоки момци од белградскиот асфалт

Некое време боксувал во Германија каде што тренирал и се дружел со Љубо. Менаџерот Бруно Милер го уценил дека мора да го предаде натпреварот на германскиот шампион во спротивно ќе ја уништат неговата кариера. За тоа му биле понудени 250.000 марки. Принципиелниот Челик го нокаутирал шампионот па потоа ја завршил својата кариера во 70-те години.


Челик - најсреќниот човек во поранешна Југославија

Станковиќ се појавувал во медиумите како контроверзна личност - претставен како коцкар, но и еден од најголемите среќници во поранешна Југославија (двапати добил премија во играта Лото и 14 пати по ред главната премија на спортска поради што подоцна бил намален добитниот фонд во обложувалниците).



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk