Тајна стара 18 години: Пијан играл во финалето на Австралијан Опен, а сите гледале во 3-те згодни девојки кои ги сместил во својата ложа

Супермен

17/01/2020

12:58

7.392

Големина на фонт

а а а

Поминаа 18 години, а сè уште не е откриено кои биле русокосите во ложата на Марат Сафин, додека тогаш кружеше теоријата дека тој ги изнајмил, им платил авион и ги довел во Мелбурн во луксузна вила.

Иако своевремено беше прв рекет на светот, за него велат дека би можел да постигне многу повеќе во својата кариера да бил потполно концентриран само на тенисот и да не го следеле одредени контроверзии. 

Некогашниот руски тенисер денес ја извршува функцијата селектор на репрезентацијата на својата земја, која неодамна беше поразена од Србија во полуфиналето на АТП купот.

Сафин во 2002 година имаше голема прилика да го освои Австралијан Опен против Швеѓанецот Томас Јохансон. Беше голем фаворит, но на крајот беше поразен во четири сета иако водеше со 1:0.

Многумина ја пронајдоа причината за неуспехот на Сафин во неговата ложа – додека другите играчи ги довеле своите жени и деца во ложата, Русинот “постави” три атрактивни русокоси на раб на полнолетство.


“Морате да признаете дека имав многу убава поддршка на трибините”, изјавил тогаш тенисерот на конференцијата. Во текот на мечот, целото внимание од страна на мажите било свртено кон нив, а до ден-денес не се откриени кои биле тие.

Интересно е тоа што споменатите девојки никогаш повеќе не биле видени во негово друштво, а една од теориите која се појави тогаш беше дека Сафин практично ги изнајмил, односно ги довел со авион дури од Русија во вилата која ја зел само за нив.

Даниел Келерер, некогашен колега на Русинот, кој во 2011 година беше исфрлен од тенисот поради местење на натпревари, своевремено изјавил и дека Сафин пијан го играл тоа финале.

“Пиев алкохол во текот на целата моја кариера, но за првпат дури на 24 години. Тогаш го видов Сафин како пие пред финалето на Австралијан Опен. Помислив дека ако јас не можам трезен да се поместам од 150-то место, а тој пијан игра финале, тогаш алкохолот и не е толку лош”, изјавил Австриецот и додал:

“Сафин беше пијан и ноќта претходно, како да славел роденден. Или како веќе да го прославил освојувањето на Австралијан Опен”.


Токму таа забава ноќта пред Австралијан Опен се поврзува со споменатите девојки кои наводно пристигнале од Русија.  

Марат на крајот останал само на два Грен слема – УС Опен во 2000 година и Австралијан Опен во 2005 година. Во текот на кариерата освоил 15 турнири и вкупно заработил 12 милиони евра.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk