Ѕвездата на “Baywatch” се соблекла до крај: “Бомба и на 50 години”

Супермен

21/02/2020

15:06

5.679

Големина на фонт

а а а

Дона Дерико, поранешната ѕвезда на “Baywatch” позирала прекриена само во црвена боја, а истото го направила за хуманитарни цели.

51-годишната актерка се соблекла со цел собирање пари за спасување на жртвите од трговија со луѓе, образование на ранливи категории и помагање на преживеаните да се вратат кон самостојниот живот, објаснила таа. 

Фотографиите се дело на Ник Саглимбени, а на Инстаграм поставила и хиперлинк преку кој можат да се купат фотографиите.

Актерката и хуманитарка која не крие дека за нејзиниот изглед се заслужни бројните естетски операции, добила бројни комплименти, а многумина ѝ напишале дека е “бомба”.

Дерико е мајка на две деца – 19-годишната ќерка Френки-Џин Сикс која ја добила со поранешниот сопруг Ники Сикс, член на бендот “Монтли Кру”. Освен Френки, Дона го има и 26-годишниот син Рајан. Со Сикс била во брак од 1996 до 2007 година.

Дона ѝ се приклучи на поставата на “Baywatch” во 1996 година во улога на Дона Марко. Во последните години повремено се појавуваше во епизодни улоги и ТВ серии, а минатата година гостуваше и во хит серијата “Brooklyn Nine-Nine”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk