„Таму каде што мозокот на просечниот човек и вработениот застанува, вашиот мора да продолжи да работи“ – корисни совети од Стив Џобс за патот до успехот

Супермен

26/02/2020

16:53

1.368

Големина на фонт

а а а

Стив Џобс многу очекувал од себе, но исто така и од другите. Најмногу очекувал од соработниците кои се наоѓале на позициите на раководители.

Имено, кога некој од вработените ќе станел потпретседател на „Apple“, Џобс ќе му раскажел кратка приказна. Ќе ви ја пренесеме во целост:

„Еднаш ѓубрето не беше изнесено од мојата канцеларија и побарав објаснување од домарот. Домарот ми кажа дека вратата од канцеларијата била заклучена, а дека тој немал клуч од истата“.

Одговорот од домарот е разумен. Домарот не може да ја извршува својата должност без клуч и него дозволено му е да има изговори.

Но, некаде помеѓу домарот и луѓето кои се наоѓаат на позициите на раководители во компанијата, причините престануваат да бидат важни. Оправдувања и изговори престануваат да постојат.


Со други зборови, кога вработените ќе станат потпретседатели на компаниите мора да се ослободат и од сите изговори за неуспех.

„Потпретседателот е одговорен за грешките кои се случуваат и не постои оправдување“ - рекол Стив Џобс.

Значи, доколку сакате да бидете успешни мора да пронајдете решение за секој проблем и да заборавите на изговори.

Таму каде што мозокот на просечниот човек или пак на вработениот застанува, вашиот мора да продолжи да работи.

Решенијата речиси секогаш постојат, но некогаш е потребно малку повеќе да се потрудите и да размислувате поразлично за да дојдете до нив.

Патот до врвот најчесто зависи од способноста за решавање на секојдневните проблеми. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk