Две необични реченици: Милијардерот тврди дека ова е најдобриот совет кој некогаш го добил

Супермен

26/02/2020

20:10

2.463

Големина на фонт

а а а

Марк Кубан е претприемач и инвеститор чие богатство се проценува на околу 4,3 милијарди долари, а сега за „Business Insider“ открил кои совети ги смета за најдобри што ги добил во животот.

Станува збор за две многу едноставни реченици: „Никогаш нема да бидеш толку млад колку што си денеска. Живеј така.“

„Тој совет го добив од татко ми. Целта беше да почнеме да мислиме дека сме стари како што одминуваат годините. Тогаш гледаме наназад и сфаќаме колку всушност сме биле млади и дека не сме ги искусиле работите кои сме сакале, бидејќи сме мислеле дека сме стари“, објаснил Кубан.

Затоа, направете го сето она што сакате. Никогаш не си дозволувајте да ја изговорите реченицата: „Ех, само барем...“ Можеби звучи старомодно, но жалењето по нешто е секогаш потешко од тоа да се обидете, па макар и да не успеете.


Инаку, Марк Кубан на пошироката јавност ѝ е познат како сопственик на клубот „Dallas Mavericks“, а во една прилика изјавил дека рецептот за подобрување на НБА лигата се крие во нашиот регион, поточно во Словенија.

„Ако нашите деца уште на рана возраст да ги испратиме во Словенија да се едуцираат, НБА лигата би била на илјада пати подобро место. Словенците само учат како да играат кошарка, додека нашите овде само учат за забивање и изработка на 'фенси' видеа за Јутјуб“, рекол Кубан во 2018-та година, кога го прашале за мислење за словенската НБА ѕвезда Лука Дончиќ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk