Легендарниот Ал Пачино има генијален став за стареењето – ова мора да го прочитате

Супермен

03/07/2020

13:43

4.761

Големина на фонт

а а а

Легендарниот холивудски актер Ал Пачино во април наполни 80 години. Во овие години, познатиот Скарфејс целосно го променил мислењето за стареењето, но и однесувањето.

За него клучно е да не троши нерви на луѓе кои не му се симпатични, а да го дава максимумот од себе за своите сакани. 

Со годините се променил и неговиот став кон жените:

“Не сакам да бидам автомобил во кој жените влегуваат и излегуваат. Ми треба животен сопатник со кој ќе бидам до самиот крај”, изјавил актерот во една прилика.


Пачино вели и дека староста му донела способност да стане бескомпромисен и интолерантен кога станува збор за бесмислените испади на другите луѓе. Тој има една своја фраза која ја користи за подобро да го разберете ваквиот негов став:

“Имам свое мислење и став кој не сакам да го отфрлам. Имам и принципи кои ги следам. Не им се насмевнувам на луѓето ако навистина не го сакам тоа. Не комуницирам со оние кои не ме интересираат”, објаснил Ал.

Можеби делува остро, но актерот одлучил да ја искористи својата слобода да бира како ќе живее и вели дека му е жал за едно нешто:

“Штета што дури во овие години сфаќаме дека можеме и мораме да ги исфрлиме сите оние луѓе од животот кои не треба да нѝ бидат близу, кои нè нервираат и нѝ нанесуваат штета”.


Ал Пачино им дава на сите уште неколку совети:

- не им се објаснувајте на луѓето – секој ќе ве разбере онака како што му одговара;

- мораме да бидеме флексибилни, да бараме компромис, да се обидеме да се разбереме еден со друг и да се привикнеме на реалноста;

- некогаш едноставно мора да повлечете линија и да престанете да бидете добри за сите;

Еден новинар го прашал Пачино како се чувствува во 80-та година од животот и кое е неговото мислење за стареењето, а неговиот одговор гласел: “Што е тоа старост?”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk