Говорот на Кијану Ривс за кој сè уште се зборува: “Го мразам светот во кој мажите ги облекуваат своите жени како проститутки”

Супермен

09/07/2020

12:14

7.070

Големина на фонт

а а а

Еден од омилените актери ширум светот, Кијану Ривс, не се експонира премногу во јавноста, но кога ќе ѝ се обрати, неговите зборови долго се паметат.

Ви пренесуваме дел од говорот на Ривс кој го воодушеви целиот свет: 

“Го мразам светот во кој мажите ги облекуваат своите жени како проститутки, откривајќи сè што треба да биде покриено. Свет во кој не постои концепт на чест и достоинство.

Свет во кој жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејства. Свет во кој децата се сметаат за успешни додека се возат во автомобили купени од нивните татковци. Свет во кој некој со мала моќ ги понижува сите останати.


Свет во кој лицемерите велат дека веруваат во Бога со шише алкохол во раката и отсуство на разбирање на религијата. Свет во кој скромноста се смета за маана, во кој луѓето заборавија на љубов и само гледаат како да извлечат корист од партнерот.

Свет во кој момците во клубовите ги трошат парите на своите родители со примитивни звуци и одвратни гримаси, а девојчињата се вљубуваат во нив поради тоа. Јас едноставно не можам да го прифатам тоа. Јас избирам поинаков пат!”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk