Ова се случува еднаш во 10 години: Неверојатен пех на синот на Шумахер сред трка...

Супермен

14/07/2020

18:35

4.495

Големина на фонт

а а а

Синот на седумкратниот светски првак во Формула 1, се натпреварува во Формула 2.

Минатиот викенд на австралискиот Red Bull Ring се возеле две трки на Формула 2, а во првата од нив одржана во саботата, беспрекорен настап имал синот на легендарниот возач на Формула 1 - Мајкл Шумахер.

Иако ја имал деветтата стартна позиција, Мик Шумахер завршил одлична работа и завршил на четвртото место зад Кинезот Гуанју Жоу за само 139 стотинки.

Еден ден подоцна, младиот Шумахер во спринт трка (осум кругови), цврсто го држел третото место и сè укажувало на тоа дека по вторпат во Формула 2 ќе успее да стигне до првата позиција, но се случил неверојатен пех.

Парче од гумата го активирало копчето за противпожарниот апарат

Кон средината на трката на неговото возило експлодирал противпожарниот апарат, па морал да се откаже.

„Па ова се случува еднаш во 10 години“ - било нештото на кое што помислиле многумина од фановите на автомобилските спортови, но ете му се случи на Мик Шумахер.


Подоцна се утврдило дека едно од парчињата од тркалата кои што испаѓаат во текот на трката, го погодило тастерот кој што го активира противпожарниот апарат.

Шумахер немал избор, морал веднаш да се тргне настрана и да го паркира своето возило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk