Дали сте знаеле дека вашата брада ви носи многу здравствени придобивки? Еве кои се тие

Супермен

06/08/2020

18:38

1.976

Големина на фонт

а а а

Веќе неколку години брадите се во мода, и тоа не било какви, туку оние добро негувани и внимателно уредени.

Постојат докази дека брадата се развила токму за да им помогне на мажите полесно да ја освојат партнерката, но освен таа улога, таа има и здравствени придобивки. 


Природата на мажите им подарила моќен штит кој жените го немаат – брада. Таа го штити лицето од изгореници, сонце, алергени и брчки, но само ако редовно се чисти и негува. Брадата значително придонесува мажот да изгледа подоминантно и посериозно.

Првата предност на брадата е УВ-факторот. Истражувањата покажуваат дека брадата спречува дури 95 отсто од штетното зрачење, во зависност од густината на влакната. За да го извлечат најдоброто од својата брада, мажите треба правилно да ја негуваат. Тоа е нешто може да го направат сами или да ја препуштат целата работа во рацете на фризер.


Влакната на брадата имаат цврст и густ корен кој служи како одлична потпора за ткивото на кожата, што значи дека мажите имаат помалку брчки од жените. Брадата штити и од други надворешни влијанија како што е студ или топлина, што исто така придонесува за редуцирано создавање на брчки. Младешкиот изглед го гарантира и фактот дека во текот на летниот период, мажите секогаш имаат УВ заштита на себе во облик на брада.

Ако брадата е густа, особено на вратот, таа грее и штити од студениот воздух, така што може да спречи и болка во грлото и настинки. Мустаќите, од друга страна, штитат од алергии така што го блокираат влезот на алергени во носот, со што белите дробови се подобро заштитени од потенцијално опасните честички.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk