Необична фотографија од Новак се прошири во светот – гол до појас, заштитна маска и амајлија на своите гради

Супермен

07/08/2020

13:21

4.852

Големина на фонт

а а а

Шпанците очигледно имаат подготвена екипа за кога и да ја напушти вилата тенискиот ас Ѓоковиќ да го фотографираат.

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се подготвува за продолжување на сезоната каде што сè уште е неизвесно дали ќе игра на УС Опен.

Новак не го потврдил учеството, но се подготвува да биде во форма доколку одлучи да заигра во Њујорк.

Ждрепката е закажана за 27-ми август во „Големото јаболко“ и дотогаш ќе се знае кој ќе игра на турнирот.

Најдобрите 20 тенисери на светот се против организацијата на гренд слем турнирот, Рафаел Надал се откажа, а Федерер и понатаму е во процес на закрепнување откако правеше операција на коленото.

Новак моментално се наоѓа во Шпанија каде што е на подготовки, а фотографите успеале да го фотографираат додека џогира.

Новак во текот на трчањето на себе не носел заштитна маска, но потоа ја ставил, а фотографите го следеле секој негов чекор и успеале да направат необични фотографии.

Новак ја соблекол маицата, па на градите можело да се забележи ланче со голем дрвен крст кое што го носи околу вратот како амајлија, на лицето носел необична платнена маска, а ги соблекол и патиките, па одел бос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk