Хрватска шминкерка се трансформирала во Трамп, но тоа не им се допаднало на сите

Супермен

15/09/2020

21:17

2.376

Големина на фонт

а а а

Шминкерката Марина Мамиќ на социјалните мрежи има речиси 150 илјади следбеници кои ги воодушевува со својата трансформација во познатите личности. Последна трансформација во низата е во американскиот претседател Доналд Трамп.

„Добив многу ваши молби да се трансформирам во Доналд Трамп, затоа едвај чекам да ги видам вашите реакции“, напишала Марина под фотографијата со познатиот слоган на американскиот претседател „Америка повторно ќе ја направиме голема“.

„Прекрасно“, „Периката ти е подобра од неговата коса“, „Легендарно“, “Совршено“, се само некои од коментарите под објавата која собрала речиси 4.000 лајкови.

Имало и такви на кои не им се допаднало тоа што Марина се трансформирала во Трамп, а една таква порака споделила и на Инстаграм-стори.

„Ајде сега трансформирај се и замоли нè него да го означиме. Уф, колку сум разочарана што морав ова да го напишам“, ѝ напишала една следбеничка.


„Инаку не објавувам вакви пораки јавно, но ова баш е 'No comment'“, напишала шминкерката.

Марина својот талент го покажала во познатото шоу 'Твоето лице звучи познато', а досега се трансформирала во Џенифер Лопез, Били Ајлиш, Северина и многу други. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk