Имал 595 килограми, ослабнал 200 и го победил коронавирусот – вака денес изгледа најдебелиот човек на светот

Супермен

25/09/2020

17:10

4.317

Големина на фонт

а а а

Мексиканецот Хуан Педро Франко кој што со 595 килограми телесна тежина, пред три години влезе во Гинисовата книга на рекорди - како најтежок маж на светот, го победи и коронавирусот.

Диетите и физичките вежби, но и операцијата на намалување на желудникот, очигледно му помогнале во тоа, изјавил 36-годишниот Франко за „AFP“.

Тој имал висока телесна температура, болки во гладите и целото тело, но и големи потешкотии, му создавале гушење кое што било тешко, открил Франко кој што живее во сојузната држава Агваскалиентес во централно Мексико.

Според официјалните податоци, дури четвртина од 74.000 луѓе во Мексико кои што починале како последица од инфекцијата коронавирус, имале вишок килограми.

„Дијабетичари, хипертезичари и луѓе со срцеви болести, се поподложни на компликации од коронавирусот“ - вели Хозе Антонио Кастанеда, шеф на тимот кој што го лечел Франк од гојазност.

„Нивните шанси да се извлечат се многу мали“ - додал тој.

Неговиот пациент, кој што некогаш поради тежината не можел да стане од кревет, е исклучок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk