Со сатиричните улоги го освои светот, но една држава службено го тужела поради негативна репутација – запознајте го славниот Борат

Супермен

14/10/2020

14:56

3.379

Големина на фонт

а а а

Али Г, Борат, Бруно, се само некои од ликовите кои што ги толкувал актерот Саша Барон Коен и со кои што ја освои публиката ширум светот.

По повод 49-от роденден на актерот, кој го прослави вчера, ќе се потсетиме на некои детали од неговиот живот.

Англиски комичар, актер и продуцент - го освои светот со своите сатирични ликови. Во текот на неговата богата кариера тој го позајми и својот глас во неколку анимирани филмови, а беше номиниран и за престижни филмски награди, како Златен Глобус и BAFTA.

Барон е роден на 13-ти октомври 1971-та година во англиски Хамерсмит. Тој и денес активно зборува хебрејски јазик. Образование завршил во училиште за момчиња, а на Универзитетот во Кембриџ завршил студии по историја.

Тој во текот на своето растење бил голем фан на серијата „Монти Пајтон“, а и денес како свој идол го наведува Питер Селерс.


На почетокот на 90-те години работел како модел, а потоа се вработил во британските медиуми. Кога телевизијата „Channel 4“ барала нови ѕвезди, токму тогаш се јавил Саша кој што за аудицијата имал подготвено материјал за фиктивен албански новинар од кој што подоцна „се роди“ Борат.

До крајот на 90-те години тој за своите комедии добивал многубројни награди, а откако се појави како Али Г. ја освои публиката ширум светот.

Едно од најпознатите интервјуа кои што ги обработи како Али Г. е тоа со Викторија и Дејвид Бекам во 2001-та година.

На почетокот на новиот милениум него го прогласуваа за еден од најдобрите ТВ ликови во историјата, а неговата емисија подоцна ја откупил „HBO“ за американскиот пазар.


Како Борат се појави во 2006-та година, а за комедијата освои и Златен глобус за најдобар актер во комедија. Исто така беше номиниран и за Оскар за најдобро сценарио за истиот филм.

Во текот на кариерата тој предизвика и многу контроверзии поради темата која што ја покренуваше во своите емисии и филмови. Јавноста го осудуваше поради потсмевањето на големите ѕвезди, но и поради сексизмот и антисеминизмот кој што го покренуваше во сатиричните филмови.

Државата Казахстан му се закануваше и со службена тужба поради начинот на кој што го прикажуваше тамошниот живот во улогата на Борат.


Инаку, тој живее мирен живот во еден поинаков свет, со својата сопруга Исла Фишер која што ја запознал во 2002-та година, а се венчале во 2010-та година и заедно имаат три деца со кои што живеат во Лос Анџелес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk