„Jaeger-LeCoultre“ претстави нов модел на часовник по повод својот 90-ти роденден

Супермен

18/12/2020

10:50

1.984

Големина на фонт

а а а

Родендените се посебни, а особено кога некој слави 90 години! Брендот „Jaeger-LeCoultre“ ѝ оддава почит на својата најпозната часовничарска колекција „Reverso“ токму на време за својата 90-годишнина.

„Reverso“ навистина ги заслужува сите пофалби бидејќи е прилично ретко еден часовник да биде во тренд уште од своето лансирање во 1931 година. По тој повод, овој часовничарски бренд одлучил да го претстави новиот модел наречен „Reverso Tribute Duoface Fagliano“. 


Лимитираното издание ги задржува истите „art deco“ пропорции на оригиналот и преклопното куќиште. Новитетите се очигледни во бордо-црвениот бројчаник и куќиштето од розово злато. Изданието „Duoface“ доаѓа со преден бројчаник кој ги прикажува часовите и минутите во златни маркери, а истиот е одличен контраст на бордо нијансата.


Рачно намотаниот механизам „Calibre 854A/2“, кој работи во внатрешноста на куќиштето, овозможува двата бројчаници да прикажуваат различна временска зона која може да се промени со помош на мал лизгач, поставен од страна. Часовникот има 42 часа резервна сила. Според зборовите на Катерин Рајнер, извршната директорка на „Jaeger-LeCoultre“, годината што нѝ следува ќе биде исполнета со уште повеќе новитети од „Reverso“.


„'Reverso' е исклучително препознатлив и единствен, а овој часовник е симбол на историјата на неговите модели“, објаснила Рајнер.

„Reverso Tribute Duoface Fagliano“ е ограничен само на 190 парчиња и доаѓа со спортско, двобојно кордован кожно и платнено ремче кое го изработил светски познатиот аргентински произведувач на поло чизми, „Casa Fagliano“.

Овие часовници ќе се продаваат по цена од 23.900 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk