[ФОТО] „Го фрли“ градникот, па направи хаос со згодниот сопруг: Секс-бомбата позираше во „најжешко“ издание

Точка

09/06/2025

09:03

4.926

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Роузи Хантингтон Вајтли ужива во љубовта со Џејсон Стејтам, кој е 20 години постар, а двајцата се сметаат за еден од најхармоничните парови во Холивуд.

Меѓутоа, многумина се прашуваат како се чувствува тој кога Роузи објавува провокативни фотографии исто како што направи неодамна и ги „запали“ социјалните мрежи.

Една од нејзините последни објави беше во минијатурно бикини и предизвика вистинско воодушевување на социјалните мрежи, но потоа се појави уште подобра фотографија.


Популарниот ангел на Викторија повторно е мета на позитивни коментари поради нејзината заводлива фигура, а овој пат се појави во лежерен фустан со висока крагна, под кој не носеше градник.

На една од фотографииите се појави и Џејсон, а позираа заедно и се чини дека се вљубени со ист интензитет како и првиот ден.


Убавата Роузи го надополни своето секси модно издание со салонки со змиски принт.

Коментарите за нејзиниот изглед само се редеа, манекенката уживаше во вниманието што го привлече, а ние добивме уште една инспирација кога станува збор за летни фустани.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk