[ФОТО/ВИДЕО] Сексапилната манекенка го прослави роденденот со необична торта: Пријателите дефинитивно знаат кој е нејзиниот најатрактивен дел од телото

Супермен

09/06/2025

15:00

1.350

Големина на фонт

а а а

Голем ден за голем модел … Емили Ратајковски го прослави својот 34-ти роденден.

Изминатиот викенд го обележа големата забава на најпопуларната манекенка во светот – Емили Ратајковски. Убавицата го прослави својот 34-ти роденден и по тој повод организирала вечерна забава за своите најблиски пријатели и колешки од светот на моделингот.


На Инстаграм ги објави фотографиите, а тортата во форма на заднина го привлече вниманието на јавноста. Се чини дека ова било омаж на нејзините провокативни фотографии на мрежите, каде што постојано ги истакнува своите бујни гради и задник.

„Најдобар роденден досега. Чувствувам благодарност за пријателите, заедницата и забавата. Благодарна за љубовта“, напиша атрактивната Емили во објавата.


Коментарите од обожавателите само се ределе, а повеќето од нив ѝ испраќаа убави желби и честитки за прекрасниот ден.

„Среќен роденден“, „Боже, би сакал да пробам парче од таа торта“, „Прекрасна, како и секогаш“, се само дел од нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk