Не се одвојува од сексапилната девојка, но ниту од чашката алкохол - очигледно успеал да избалансира сè...

Супермен

20/01/2021

22:15

9.939

Големина на фонт

а а а

Мајкл Б. Џордан и Лори Харви неодамна ја потврдија љубовната врска, но не се знае точно колку време се заедно.

Мајкл Б. Џордан (33) ја однел својата девојка, манекенката Лори Харви на луксузен одмор на кој што привлекле многу внимание во јавноста, а сето тоа било по повод 24-от роденден на манекенката.

Парот од петокот ужива на одморот Сент Бартс, омиленото место за одмор на богатите и познатите. Мајкл и Лори не можеле да се откажат од разменувањето страсти, па нежностите ги споделувале на многу места од плажата.


Но, актерот успешно балансирал бакнувајќи ја девојката која што носела минијатурно бикини и држејќи пијалак во својата рака.

Парот се возел и на скутер на вода, а подоцна Мајкл нуркал, па во таа прилика го покажал своето извајано тело.

Џордан со манекенката престојува на луксузното одморалиште на кое што навистина има многу активности кои што можат да ги прават заедно.

Парот својата врска неодамна ја потврди и на социјалната мрежа Инстаграм, но не открија колку време се заедно.


Инаку, Мајкл Б. Џордан е најпознат по улогата во филмот „Црн пантер“ од 2018-та година, чие продолжение обожавателите го очекуваат со нетрпение.

Актерот минатата година од страна на магазинот „People“ беше прогласен за најсексапилниот маж за 2020-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk