Цел Кицбил занемел: Морничав пад на Швајцарецот на „патеката на смртта“

Супермен

22/01/2021

16:31

2.407

Големина на фонт

а а а

За жал, и оваа сезона се чести падовите на најдобрите светски скијачи, а таквото сценарио не можело да се избегне ниту на популарната „патека на смртта“ во австрискиот Кицбил.

На легендарната патека „Штрејф“ настрада Швајцарецот Урс Крунбил, кој на последниот дел од патеката пред влегувањето во целта изгубил рамнотежа и доживеал тежок пад.

Скијачот летал неколку метри со брзина од речиси 150 километри на час, а кога паднал, можела да се „слушне“ тишината во Кицбил. Сите занемеле, па и дотогаш водечкиот сонародник на несреќниот скијач, Беат Фојц.

Првите информации велат дека Крунбил се здобил со тешки повреди на главата и не е во состојба да зборува. Тој веднаш бил пренесен во болница.

Пред него, тежок пад доживеа и Американецот Рајан Кокран-Сигл, но трката набрзо била продолжена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk