95 килограми помалку: Сите го знаевме како „буцко“, но актерот денес е вистински заводник од кој дамите се воодушевени

Супермен

07/04/2021

12:04

6.837

Големина на фонт

а а а

Итан Сапли повеќе нема ниту грам вишок масти на своето тело, а може да се каже дека изобилува со мускулна маса.

Познатиот актер Итан го запознавме преку серијата „My Name Is Earl“ и филмот „Remember the Titans“, а мора да се согласиме дека синонимот за него беше - шармантното дебело момче.

Сепак Итан не бил задоволен од својот изглед, а откако почнал да се загрижува за своето здравје, одлучил да почне да тренира и да се храни здраво за да го намали вишокот килограми.

Во тоа успеал, па ослабнал неверојатни 95 килограми, а диетите биле од клучно значење.

Денес ретко кој може да се сети како актерот изгледаше претходно, а дамите ширум светот се воодушевени од неговата трансформација.

Итан секојдневно тренира во теретана и краде погледи со фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.

„Мислам дека првпат бев на диета кога имав само пет години. Тогаш отидов кај баба ми и дедо ми во Вермонт и тие беа шокирани кога видоа во каква состојба сум јас“, раскажал актерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk