Тенисерот Роџер Федерер донесе одлука за која уште долго ќе се зборува

Супермен

09/04/2021

14:25

5.302

Големина на фонт

а а а

Некогашниот најдобар тенисер на светот, Роџер Федерер, одлучил да направи несекојдневен потег кој што ќе го смени погледот на овој спорт.

По враќањето по повеќе од една година, некогашниот прв тенисер на светот и моментално „чувар“ на рекордот по број на освоени гренд слемови, одлучил да не се појави на мастерсите во Мајами, Мадрид, Монте Карло, па ниту на популарниот турнир Ролан Гарос.

Меѓутоа, како што пренесува угледниот магазин „Forbes“, Федерер донел одлука која што целосно ќе направи пресврт во ситуацијата околу неговиот крај на кариерата.

Имено, Швајцарецот иако оваа година ќе наполни 40 години, ги известил организаторите на турнирот во Хале дека во 2022 година ќе се појави на натпреварувањето.

Турнирот во Германија ќе се одржи од 12 до 20 јуни 2022 година. Како што изјавил и самиот, се надева дека ќе биде подготвен и за овогодишниот Вимблдон.

„Можеби ќе ми биде подобро и порано, што би било бонус затоа што тоа ќе значи дека сум 100 отсто подготвен за Вимблдон. Но, ајде прво да видиме како тренинзите ќе го оптоварат моето тело, колку коленото може да издржи и кој е најдобриот начин да се подготвувам за тоа што за мене е почеток на оваа сезона, а тоа се турнирите на трева.

Сè ќе знам кога ќе почнам со тренинзите, но не мислам дека тоа ќе биде нешто страшно, да бидам искрен“, објаснил Федерер кој очигледно дека е голем оптимист, пренесува „Forbes“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk