„Кога ја вклучивме камерата, нè дочека лежејќи гол во кревет“: Работодавци ги откриле најбизарните интервјуа за работа кои некогаш ги имале

Супермен

22/04/2021

17:53

1.613

Големина на фонт

а а а

Не е лесно да се пронајде нова работа, но дека не е ни лесно да се најде добар работник сведочат искуствата на овие работодавци.

Тие на „Редит“ ги откриле најбизарните однесувања на луѓе кои дошле на интервју за работа (и очигледно не ја добиле).

„Го прашав за некои проекти на кои соработувал со луѓе кои ги познавам. За мажите зборуваше сосема нормално додека за жените имаше непримерни и омаловажувачки коментари. Знам многу луѓе кои се шовинисти, но да не можеш да го скриеш тоа во себе половина час...“.

„На интервјуто се појави потполно гол, па го одбивме. Кога ја вклучивме камерата на видео повикот, нè дочека лежејќи гол во кревет“.

„Мислевме дека е добар кандидат сè додека не се појави на интервјуто за работа со целото свое семејство“.


„Ги набројуваше сите свои поранешни момчиња кои работеа во нашата компанија и коментираше дека едвај чека да ги види нивните изрази на лицата кога таа ќе се појави на работа“.

„Еднаш еден кандидат ми кажа дека Бог го избрал за оваа работа. Јас не сум го избрал“.

„Баравме нов графички дизајнер. Тој немаше големо искуство, но ми се допаѓаше неговото портфолио, па го повикав. Целиот разговор беше бизарен, но најлош му беше одговорот на прашањето кои се неговите слабости. Ми рече: ‘Склон сум кон насилство’“.

„Дојде со очила за сонце и одбиваше да ги тргне, тврдејќи дека ѝ смета флуоресцентното светло. Сепак, го продолживме разговорот. Ја прашавме кои се нејзините силни и слаби страни, на што одговори дека ‘не може да стои подолго од 5 минути и не сака баш да зборува со луѓе’. Огласот за работа беше за касиерка во продавница“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk