Хрватската фудбалерка Ана Марија Марковиќ, која е прогласена за најубава фудбалерка во светот, објави ново видео од плажа, кое особено ги воодушеви нејзините обожаватели.
Имено, на снимката Ана Марија ги покажува своите завидни вештини со топката во бикини на плажа, додека се забавува со Томас Рибеиро.
„Не ми треба ништо повеќе“, кратко напиша таа во описот на објавата.
„Топ“, „Треба да најдам девојка како тебе“, „Мислам дека после ова ќе почнам да следам женски фудбал, „Прекрасни сте“, „Прекрасен пар“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.
Потсетуваме, успешната фудбалерка по потекло од Сплит игра и за женската репрезентација на Хрватска. Таа неколку пати е избрана за најсекси и најубава хрватска фудбалска репрезентативка, а пред две години беше прогласена за една од жените со најубави лица во светот.
Од 2023 година, таа е во врска со португалскиот фудбалер Томас Рибеиро.