„Somnium“ – јахта која буквално претставува остварување на соништата

Супермен

29/04/2021

16:16

1.036

Големина на фонт

а а а

Фантастичната јахта која што пред некое врeме првпат беше спуштена во вода, опремена е за семејни авантури.

Бродоградилиштето „Feadship“ набрзо ќе ги оствари соништата на сите семејства ширум светот.

Популарниот хoландски бренд речиси ги заврши своите подготовки на најновата суперјахта која што е правена по мера, а дизајнирана за три генерации на морепловци да ги однесе на пат до неверојатните авантури.


Јахтата со должина oд 55 метри го напуштила последното бродоградилиште пред неколку недели за да ги направи морските тестови и да ги заврши финалните подготовки пред да замине во рацете на својот нов сопственик.

Јахтата е правена по мера, а името ѝ е „Somnium“, што во превод од латински јазик значи „сон“, а мора да кажеме дека името кое што го носи е оправдано, особено кога ќе ги земеме предвид нејзината цел и моќниот став.


„Somnium“ е дизајнирана за искусен сопственик од северниот дел на Европа од агенцијата „Waterman Marine Consultancy“.

Господинот имал список од свои барања и со сето свое срце учествувал во изградбата на јахтата, како што велат од бродоградилиштето.

Тој двапати неделно го посетувал бродоградилиштето за да го провери напредокот во работата и да се напие по некое пиво со тимот кој што работел на проектот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk