Што сè опфаќа богатството на Гејтс вредно 130 милијарди долари и што би можело да ѝ припадне на неговата сопруга

Супермен

04/05/2021

12:42

2.451

Големина на фонт

а а а

Имотот на Бил Гејтс се проценува на околу 130 милијарди долари, а тој и сопругата Мелинда не потпишале предбрачен договор, па распределбата на богатството допрва доаѓа.

Разводот на Бил и Мелинда Гејтс воедно ќе биде и најголемата поделба на заеднички имот и тоа откако се разведоа сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос и неговата денес поранешна сопруга Мекензи во 2019 година.

Имено, богатството на Гејтс се проценува на 130 милијарди долари што го прави четвртиот најбогат човек на светот, а пред него се Безос, Илон Маск и Бернард Арнаулт.


Неговото царство вклучува куќи во дури пет држави, колекција автомобили во која се наоѓа и „Porsche“ вредно 30 милиони долари, потоа низа приватни авиони...

Гејтс воедно е и најголемиот приватен сопственик на земјоделско земјиште во САД чија вкупна површина се простира на 242 илјади хектари во 18 различни држави.

Интересно е тоа што Бил и Мелинда се обврзале дека дел од богатството ќе го дадат во хуманитарни цели по нивната смрт, а секое од нивните три деца ќе наследи по 10 милиони долари.

Сепак, по разводот останува голем дел од имотот кој што тие ќе треба да го поделат меѓу себе поради тоа што, како што пренесува „Daily Mail“, парот никогаш не потпишал предбрачен договор.


Поточно, мора сами да се договорат кому ќе припаднат луксузните вили ширум САД, главната семејна куќа во Вашингтон позната како „Xanadu 2.0“, летниковецот во близина на Сиетл вреден 125 милиони долари, базенот украсен со фосили и огромната книжарница во која што се гравирани цитати од „Големиот Гетсби“.

Во нивниот имот се наоѓа и земјиште во Калифорнија вредно 43 милиони долари, ранч на Флорида вреден 59 милиони долари, па поради тоа интересен ќе биде развојот на ситуацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk