Чарли Шин се појавил на некој калифорниски настан, а неговите колеги велат дека е подобар за разлика од последните неколку месеци.
Поминаа повеќе од 30 години откако Чарли Шин ја освои публиката со филмот „Major League“, a токму тој филм бил и повод неодамна да се сретне со колегата Боб на некој калифорниски настан.
Фотографите го забележале секој момент од таа средба, а многумина се согласиле дека Шин изгледа измачено и уморно и дека е далеку од оној каков што публиката го памети.
Денес јавноста вели дека Шин е еден од најконтроверзните актери. И покрај фактот што беше најплатениот ТВ актер во 2014 година, Шин јавно призна дека потрошил богатство од 150 милиони долари и дека речиси завршил на улица како бездомник додека се борел со бројните долгови.
Една од неговите најголеми улоги во кариерата ја оствари преку Чарли Харпер во серијата „Two And A Half Man“ во која заработуваше и по 1,8 милиони долари од една епизода.
Покрај тоа тој заработуваше и од снимање на реклами, други филмови, но исто така работел и на неколку телевизиски проекти благодарение на што на неговата сметка се нашле 150 милиони долари, а во својот дом имал и престижни награди – како „Златен глобус“ и „Еми“.
На самиот врв од кариерата на Шин сепак нешто се превртило наопаку. Почнал да се однесува непримерно, а исто така го поврзуваа и со зависност од дрога и алкохол.
На сето тоа влијаело и неговото признавање дека е ХИВ позитивен, почнал да ја губи работата и проектите, бил исфрлен од серијата во која го толкуваше главниот лик.
Инаку, Шин три пати застанал пред олтар, а бил во љубовни врски со многу славни дами.
Актерот во последните години зборуваше и дека е свесен за своите грешки од минатото и дека работи на подобрување на односот со своите деца за кои мисли дека еден ден ќе имаат сила и храброст да му простат.