Легендарниот згоден фудбалер фотографиран на одмор со својата сопруга: Во брак се 27 години, а еве како уживаат

Супермен

25/08/2021

17:12

5.357

Големина на фонт

а а а

Славниот поранешен фудбалер ужива во летните денови со семејството на шпанското крајбрежје.

Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро (47) откако во 2011 година се пензионираше, се посвети на семејниот живот.

Меѓутоа, на фудбалот не му кажа збогум, а денес е тренер на еден кинески клуб.


Тој е во среќен брак 27 години со сопругата Даниела (47) со која има синови Кристијан и Андреа.

Брачниот пар летото го поминува на одмор во Шпанија во друштво со пријателите, а папарацо фотографите ги фотографирале додека уживаат на глисер.


Со оглед на тоа што славниот Канаваро е разголен на фотографиите, во прв план се истакнати неговите тетоважи и извајаното тело.

Неговата сопруга исто така го привлекла вниманието со минијатурното бикини, покажувајќи го преубавиот тен.

Колкав џентлмен е Фабио можело да се види во моментот кога ѝ помогнал на својата сакана да го намести горниот дел од бикинито.


Инаку, Фабио и Даниела се во брак од 1994 година, а за љубовниот живот на славниот стопер пред сопругата малку се знае, со оглед на тоа што отсекогаш се трудел да го сочува приватниот живот од очите на јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk