Обожува танго, не гледа ТВ веќе 30 години, има објавено рок албум...: 7 чудни факти за папата Франциско

Супермен

14/09/2021

15:12

7.490

Големина на фонт

а а а

Папата Франциско е една од најфасцинантните личности на денешницата. 84-годишниот папа е првиот неевропски папа по Гргур Трети, кој е роден на просторите на денешна Сирија.

Во продолжение ви откриваме 7 чудни факти кои сигурно не сте ги знаеле за него:

1. Изгубил дел од белите дробови

Папата Франциско на 21 година заболел од воспаление на белите дробови, кое било опасно по живот, и развил три цисти. За да преживее во борбата против болеста, му бил отсечен дел од овој орган. Иако загубата на поголемиот дел од едното белодробно крило не го загрозила неговото здравје или животен век, не му е дозволено да прави било какви напорни вежби.

2. Еден период работел како обезбедување во ноќен клуб

Додека бил студент во Буенос Аирес, папата Франциско работел како обезбедување во локален бар за да заработи дополнителни пари. Работел и како хемиски технолог пред почетокот на своите богословски студии.


3. Љубител е на танго

Како млад, едно од омилените хобија на папата Франциско било танцувањето со пријателите. Имал и омилен танц.

„Обожувам танго и многу танцував како млад“, открива папата во својата биографија.

4. Нема гледано телевизија од 1990 година

Папата Франциско нема гледано телевизија од 15-ти јуни 1990 година, откако се обврзал пред Богородица и ѝ ветил дека ќе се воздржува од гледање телевизија. Поради тоа ретко го гледал Сан Лоренц – фудбалскиот тим за кој навивал како момче . Тој нивните успеси ги следи преку весниците.

5. Има фудбалски тим наречен по него

Клубот Депоритво Папа Франциско е полупрофесионален фудбалски клуб со седиште во Сан Франциско Солано во провинцијата Буенос Аирес и е наречен во чест на папата.


6. Објавил рок албум

Папата Франциско објавил прогресивен рок албум наречен „Wake Up!“ во ноември 2015 година. Се состои од различни говори на папата Франциско, снимени помеѓу 2013 и 2014 година. Секој е проследен со музички нумери, молитви и песни кои опфаќаат различни жанрови.

7. Еднаш имал девојка

Папата Франциско во младите години бил романтично поврзан со анонимна жена, но тоа не можело да се сокрие.

„Таа ми беше пријателка со која одев да танцувам. Но, потоа го открив својот верски повик“, открил папата во една прилика.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk