Нов удар за возачите: Европските градови воведуваат патарини?

Супермен

14/09/2021

18:02

7.610

Големина на фонт

а а а

Автомобилите стануваат сè понепожелни во големите градови...

По ограничувањата на брзината, воведување на посебни такси возила, па дури и забрана за влез на постари модели на автомобили, сега се дискутира за уште еден потег кој би требало да го поттикне „прогонот“ на автомобили од градските улици. И секако, повторно би се извело сето тоа, удирајќи по џебот на корисниците на возила.


Идејата е презентирана на саемот на автомобили во Минхен, каде сообраќајните експерти се изјасниле за воведување на градски патарини во сите поголеми градови. Ваквата идеја била презентирана од страна на експерти од Институтот Ифо, Техничкиот факултет во Минхен и производителот на автомобили „BMW“, а ќе се одвива според принципот кој е веќе добро познат.

Накратко речено, ако имате пари за да купите „BMW“, тогаш имате пари и за плаќање на патарини. Конкретно, станува збор за 6 евра дневно.


Оливер Фалк, водител на центарот за индустриска организација и нови технологии Ифо проценува дека со воведување на патарини, сообраќајот би се намалил за 23 отсто, а градот би се здобил со дополнителни 600 милиони евра приход. Тие пари потоа би можеле да се употребат за јавниот превоз и исплата на надомест на вработените со ниски примања.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk