Хејли Калил (29) е американска манекенка која во 2018 година позираше за Спортс Илустрјтед и си обезбеди светска слава.
Оваа убавица од Минесота има завршено биомедицина и психологија, а според пишувањата на Спортс Илустрејтед, Хејли има објавено имунолошки истражувања кои биле наградени и соработувала со бројни научници.
Исто така ја основала организацијата "The Nerd Herd" која имала за цел да ги охрабри жените да се сакаат и прифатат своето тело.
Како модел кој најчесто рекламира костими за капење и бикини, се соочила со многу стеротипи во својата кариера: "Се очекува дека ако имате кариера фокусирана на својот изглед, не сте паметни. Сакав да им покажам на младите жени дека можат да бидат убави и интелигентни", рекла Хејли.
За својот изглед вели: "Работев со тренер речиси секој ден, но не бев оптеретена со калориите. Никогаш не сакав да трчам со часови за да изгубам килограми. Се фокусирав на здрава хана и навики".
Кога ја бараат да работи за Спортс Илустрејтед секогаш се радува, па неколку пати го красела магазинот: "Кога ќе ме побараат, тоа е како јаготка на шлагот. Навистина е привилегија да учествувам - патувам и често посетувам места кои не сум ги видела".