Ова е најскапата куќа на светот: Купена е за 270 милиони евра, а еве кој е нејзиниот сопственик

Супермен

13/10/2021

21:00

7.914

Големина на фонт

а а а

Мохамед бин Салман, сопственик на фудбалскиот клуб Њукасл и богат саудиски принц, сопственик е на најскапата куќа на светот.

Тој во 2015 година купил дворец вреден 270 милиони евра што е речиси приближна сума на пари која ја дал и за купувањето на Њукасл за кој платил 350 милиони евра.

Меѓутоа, со оглед на тоа што богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, тие трошоци се вистинска ситница за него.

Дворецот Луј XIV бил завршен во 2011 година и изграден во стил на француските дворци од XVII век, додека пак целиот имот се протега на околу 5.000 метри квадратни.

Во состав на имотот има и базени, вински подруми со над 3.000 шишиња вино, соби за медитација и одмор, ноќен клуб, кино, сала за бал и терен за сквош.

Куќата е преполна со скапоцени уметнички дела, а посебно се издвојува сликата на Леонардо да Винчи „Салватор Мунди“ вредна 400 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk