Роналдо во поразлично светло: Од очај и бес шутираше играч на терен – требаше ли да добие црвен картон?

Супермен

25/10/2021

10:00

6.238

Големина на фонт

а а а

Поразот на ФК Манчестер Јунајтед од Ливерпул на Олд Трафорд (5:0) му падна тешко на Кристијано Рoналдо.

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, со својот Манчестер Јунајтед доживеа тежок пораз на домашен терен од екипата на Јирген Клоп.

Меѓутоа, Кристијано во текот на натпреварот повеќе пати го покажал своето незадоволство преку изливи на бес, фрустрации и гримаси.


Него очигледно не му било лесно, па при резултат 3:0, Португалецот целосно ги изгубил нервите - жртва бил Џонс.

Везистот на Ливерпул го добил дуелот, Роналдо го собори на земја и продолжи да го шутира. Не го погодил играчот на Ливерпул во стомак, туку удрил во топката, но тоа не го менува впечатокот дека судиите можеа да му покажат црвен картон за потегот кој го направил.

На видеоснимката се гледа како Роналдо го шутира противничкиот играч, па проценете сами дали требаше да добие црвен картoн:

По инцидентот се огласи и Роналдо:

„Понекогаш резултатот не е тој за кој сме се бореле и кој го сакаме. За ова сме ние виновни, ние и никој друг. Нашите навивачи повторно беа неверојатни во поддршката која ни ја даваа. Тие заслужуваат подобро од ова што го направивме, многу подобро. Ние треба да им го дадеме тоа, и тоа веднаш“. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk