Доколку сакате работа во „Apple“ или пак во било која друга голема компанија, треба да обрнете внимание на тоа што Тим Кук, извршниот директор на „Apple“, бара од кандидатите за работа.
Фокусот на Кук при вработување се луѓето „кои нема да прифатат статус кво и оние кои не е задоволни од состојбата каква што е“. Накратко, тој бара луѓе кои мислат поразлично.
Како што наведува Кук, некој кој дава придонес е голема предност на секоја компанија.
Еве кои прашања може да си ги поставите себеси за да проверите дали имате особини кои ги фаворизира Тим Кук.
Прво размислувате дали сте задоволни со состојбата на работите или имате немирен ум кој сака да го менува и обликува светот околу себе. Знаете дека го имате овој квалитет доколку ги гледате работите кои можат да ја подобрат ситуацијата. Доколку системот може да се подобри, процесот да се смени, а кариерата да напредува, немојте да запирате тука!
Кога Кук ја прифатил позицијата во „Apple“ изјавил дека тоа е така затоа што согледал со какви проблеми се соочува компанијата и одлучил дека може да има свој придонес во компанијата.
Друга карактеристика е да сте подготвени на ризик. Мора да бидете подготвени да се откажете од комфор зоната, поради создавање на она што може да се случи. Мора да бидете подготвени да одите против популарните верувања и начини на делување. И, мора да бидете подготвени да зацртате тек на својата кариера на начин на кој може да биде ризичен.
Така на пример, одлучноста на Кук да ги реши проблемите во „Apple“ за него претставувал голем проблем.
Третата работа која ќе ви биде потребна доколку сакате да одбите статус кво е да верувате. Кога Кук бил прашан од ученик од шесто одделение како станал до функцијата извршен директор на „Apple“ тој објаснил дека немал поим со што ќе се занимава во иднина.
„Никогаш не сонував да бидам извршен директор на компанијата. Никогаш не мислев дека тоа е можно – животен повик добив на почетокот на 1998 година од Стив Џобс. Но, секогаш сум верувал до максимум“, изјавил Кук, а потоа објаснил: Доколку вредно учите, одлично ја вршите вашата работа и верувате дека работите ќе ве водат на тоа патување, тоа најверојатно ќе биде најубавото патување во вашиот живот.
Конечно, неприфаќањето на статус кво бара храброст. Како што објаснил Кук, кога ја прифатил понудата на Џобс, тој го слушал својот стомак.
Доколку сметате дека имате уште многу да понудите во некоја друга улога, друга компанија или друга кариера, почнете. Доколку се чувствувате дека може да ги промените работите во компанијата со која работите, направете го тоа. Бидете храбри, изговорете и претворете ги проблемите во решение. Не погребувајте ги вашите идеи.
Кук изјавил: „Ние во „Apple“ бараме луѓе кои навистина сакаат да го променат светот и својата улога во тоа“.