„Motorola“ го подготвува првиот паметен телефон со камера од 200 MP

Супермен

25/11/2021

16:52

9.300

Големина на фонт

а а а

Пред два месеци, „Samsung“ претстави сензор за камера за паметни телефони со резолуција од дури 200 MP.

Во текот на претставувањето не беа објавени информации за тоа кога можеме да го очекуваме овој сензор кај првите модели на телефони, ниту пак за кои модели станува збор, но благодарение на инсајдер од мобилната индустрија, познат на Твитер како „Ice Universe“, сега го дознаваме тоа.

Треба да се нагласи дека не станува збор за официјална информација, но исто така „Ice Universe“ се има покажано како личност со одлични врски во индустријата на чии информации може да се верува.

Според него, првата компанија чиј телефон ќе има камера со резолуција од дури 200 MP ќе биде – „Motorola“. Тој не споменува конкретен модел, ниту кога „Motorola“ ќе го претстави, но најверојатно тоа ќе биде во текот на првата половина на следната година. Следниот модел што ќе го претстави „Motorola“, според досегашните гласини е „Edge 30 Ultra“, но тој уред треба да има два сензори со резолуција од 50 MP, а не 200 MP, така што новиот сензор ќе биде имплементиран во некој друг модел.


Компанијата која е во последно време прва со претставување на телефони со новите сензори на „Samsung“ е кинеската „Xiaomi“, а тие исто така планираат да имплементираат сензор од 200 MP во еден од нивните претстојни телефони. Сепак, тоа нема да биде така наскоро бидејќи овој уред можеме да го очекуваме во втората половина на 2022 година.

Што се однесува до „Samsung“, според „Ice Universe“ првиот смартфон со овој сензор не треба да го очекуваме пред 2023 година, па затоа најверојатно тоа ќе биде моделот „Galaxy S23“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk