За неа не прашува што колку чини: Роберто Кавали ѝ купил вила од 3 милиони евра на 45 години помладата девојка

Супермен

26/11/2021

14:10

13.535

Големина на фонт

а а а

Сандра Нилсон дефинитивно знае како е да се живее во луксуз, особено откако нејзиниот партнер, познатиот дизајнер Роберто Кавали ѝ купил остров во Шведска со луксузна вила.

Тие двајца, и покрај големата разлика во годините, уживаат во љубовта и постојано истакнуваат дека се најголемата поддршка еден на друг.

Модниот дизајнер кој неодамна го прослави 81-от роденден, на својата девојка ѝ подарил многу специфичен подарок – викиншка тврдина од 11-от век во Шведска, на приватен остров, во вредност од 3 милиони евра. Со тоа, Сандра Нилсон, која е 45 години помлада од својот избраник, станала новата сопственичка на остров во својата родна земја, недалеку од Стокхолм.


На островот се наоѓа и огромна вила со 4 спални соби, оддел за лов, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншката тврдина, пишува „Daily Mail“.

Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога тој се развел од сопругата во 2010 година, а заедно се наводно од 2014 година. Со неа Кавали, како што вели, го пронашол својот мир, таа е неговата муза и вистинска љубов и воопшто не се грижат за разликата во годините.


А која е Сандра Нилсон?

Родена на 17-ти февруари 1986 година во Шведска, Нилсон рано почнала да работи во модната индустрија. Кога имала 14 години, скаути од една француска модна агенција ја забележале нејзината специфична убавина – крупни сини очи карактеристични за Швеѓаните и кафеава коса, која е реткост во нордиските земји.


Низ годините освојувала награди, помеѓу кои и за Мис ЕУ, Мис бикини на светот, Мис Хаваи и на крајот за најубава жена во Шведска, а била и модел за „Плејбој“.

Со текот на времето, нејзината кариера почнала да избледува, но токму тогаш почнала да блеска љубовта со Кавали.

Неодамна Италијанецот се вакцинирал против Ковид-19, а за Сандра напишал: „Ти ме штитиш од секој вирус“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk