Французин сака да изгледа како суштество од друга планета: „Отстранив два прста, бидејќи сакам да имам канџи“

Точка

30/11/2021

13:03

15.779

Големина на фонт

а а а

Ентони Лофредо е 33-годишник кој го променил не само изгледот на лицето, туку и телото и на Инстаграм под уметничкото име Black Alien Project ги открива сите фази од драстичните промени.

Лофредо изгледа како да не е од Земјата, а во тоа му помогнале низа операции. На својот Инстаграм профил истакнал дека неговиот изглед не е готов, туку дека ова е само 30 отсто од она што сака да го постигне.

Ги отстранил ушите, ги отсекол горната уста и носот, а јазикот му е преполовен. Сега отишол чекор понатаму - сака да има канџи, а прстите очигледно му пречат.

Затоа отстранил два прста од раката, за да биде поблиску до својата визија за убавина.

Ова е дел од неговата трансформација, една од фазите кои ќе му помогнат целосно да го промени својот изглед. Неговата желба е да има метална кожа.

На овој проект, да стане вонземјанин, работи веќе десетина години, а почнал со тетовирање и пирсинг - дури ја променил и бојата на очите.

Денес има и вградени метални предмети, со кои делува застрашувачки.

„Уште како мал бев опседнат со мутации и трансформации на човечкото тело“, раскажал во 2017-та година за францускиот медиум „Midi Libre“, пренесува „Мирор“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk