„Concept XM“: BMW има нов SUV крал – хибрид со 750 „коња“

Супермен

30/11/2021

17:36

10.066

Големина на фонт

а а а

„BMW“ објави фотографии и технички детали од новиот SUV концепт, како најава за идниот сериски модел кој ќе дебитира во 2022 година.

Концептот „ХМ“ настанал во одделението М на баварскиот произведувач, а во согласност со актуелните трендови возилото е електрифицирано. Станува збор за plug-in хибрид чиј погонски склоп се состои од конвенционален V8 мотор и електричен агрегат.

Вкупната сила на хибридниот систем е 750 коњски сили, а максималниот вртежен момент достигнува 1000 Nm. Се очекува тоа да е доволно за автомобилот од 0-100 км/ч. да стигнува за околу 4 секунди.

„BMW“ не ги прецизираше спецификациите на поединечните компоненти на погонскиот склоп, како ни капацитетот на батериите, но наведува дека „XM“ може да се движи и само на струја и дека во тој режим на работа преминува максимално 50-тина километри.


Дизајнерите се потрудиле „Concept XM“ визуелно да се разликува од актуелната понуда на „BMW“. Предниот дел на возилото е доста висок, со огромна маска заокружена со ЛЕД осветлување, додека фаровите се исклучително тенки и обликувани како кај спортските автомобили.

Во внатрешноста доминираат кожните површини додека командната табла е во целост дигитализирана.

„BMW“ за 2022 година најави продукциска верзија од овој моќен SUV, чија цена би требало да се движи околу 150.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk