„Ќе го испратиме дома со следниот авион“: Премиерот на Австралија му се закани на Новак Ѓоковиќ

Супермен

05/01/2022

12:31

16.137

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, се заканил дека Новак Ѓоковиќ би можел да биде вратен од австралиската граница.

Се очекува Ѓоковиќ наскоро да пристигне во Мелбурн, но што ќе биде по слетувањето на аеродромот, тоа засега никој конкретно не може да каже.

Морисон во обраќањето до медиумите порачал дека никој нема да биде поштеден, па дури ниту најдобриот тенисер на светот.


„Секој кој сака да влезе во Австралија мора да ги мине строгите барања на нашите гранични премини. Кога Новак Ѓоковиќ ќе пристигне во Австралија, доколку не е вакциниран, мора да прикаже прифатлив доказ дека не смее да биде вакциниран од медицински причини за да ги има истите патни аранжмани како целосно вакцинираните патници. Чекаме да се појави за да видиме какви докази ќе поднесе за да го поддржи тоа. Ако тој доказ не е доволен, нема да биде третиран поинаку и ќе биде испратен со наредниот авион назад. Не би требало да има посебни мерки за Ѓоковиќ, ниту за било кој друг“, порачал Морисон.


Претходно, Тениската асоцијација на Австралија и владата на државата Викторија објавија дека Ѓоковиќ немал никаков посебен третман за да добие медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус, која е задолжителна за сите кои ќе настапат на Австралија опен. Официјалните лица рекоа дека Ѓоковиќ бил еден од ретките, од 26-мина, кои побарале ослободување и го добиле.

Директорот на Тениската асоцијација на Австралија, Крег Тајли, вели дека процесот на добивање медицинско ослободување е направен во две фази и дека го спровеле независни експерти, односно дека сите барања за изземање морале да ги исполнуваат условите поставени од Австралиската советодавна група за имунизација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk