„Дебело“ ќе им го наплати повеќедневното малтретирање: Адвокатот открива колку пари Ѓоковиќ би можел да земе од државата Австралија

Супермен

10/01/2022

14:38

23.465

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ ја доби првата рунда пред судот во Австралија, има можност и добро да го наплати повеќедневното малтретирање од страна на локалните политичари кои без никаква основа му ја укинаа визата за влез во Мелбурн.

Според зборовите на адвокатот Стеван Аврамовиќ, доколку Ѓоковиќ конечно победи на суд, првата работа на која има право е да ги наплати трошоците, како што стои во образложението на пресудата кое го порачал и судијата Ентони Кели.


„Прво треба да се наплатат досегашните трошоци и ангажираните адвокати, како и судот. Според сегашните информации трошоците изнесуваат околу 200.000 долари. Потоа тука се и надополнување на штетата и другите работи надвор од судските трошоци, па очекуваме сето тоа вкупно да изнесува барем 500.000 долари“, изјавил адвокатот Аврамовиќ.

Според неговите зборови, шансите повторно да се започне процесот и Ѓоковиќ да биде на законски начин протеран од Австралија се сè помали.


„Процесот веќе е половично изгубен за Владата на Австралија. Истовремено, нема нови сознанија кои би биле на штета на Ѓоковиќ. Тоа ги доведе тужителите во Австралија во лоша позиција, особено поради тоа што мислењето на јавноста е против нив. Сепак, случајот не е лесен и несериозен, туку борба која претстои“, вели Аврамовиќ.


Според зборовите на адвокатот, направени се голем број грешки од самиот почеток кои сега мора некој да ги исправи:

„Прво дојде до лош третман кон еден од најпознатите спортисти на светот. Новак ги има сите права да биде незадоволен и да сака да се надополнат штетите поради тоа што после летот којшто траеше повеќе од 24 часа беше затворен. Немаше право да повика адвокати, да излезе од просторијата, а според некои информации дури не можел да земе ниту свеж воздух надвор, а немал ниту редовни оброци. Тоа се основните човекови права кои беа загрозени“, заклучил Аврамовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk