За неа велат дека е божествена: Заљубениот Касел уживал на плажа со својата 31 година помлада сопруга

Супермен

11/01/2022

11:35

22.893

Големина на фонт

а а а

55-годишниот Венсан Касел ја прегрнувал и бакнувал својата сопруга Тина Кунаки за време на одморот на плажа, а парот изгледал многу среќно.

Кунаки која е инаку успешна манекенка, изгледала божествено - таа ја покажала својата извајана фигура, но и францускиот актер изгледал одлично.

Тина и Венсан се заедно од 2016 година, а се запознале кога манекенката имала само 19 години. Разликата во годините не влијаела на нивната љубов која во 2019 година ја крунисаа со раѓањето на ќерката Амазонија.


Кунаки во една прилика споменала дека не ни знаела дека Венсан е актер кога се запознале.

„Ние сме само двајца луѓе кои се најдоа на исто место, во исто време, додека привлечноста беше обострана. Ова е едно од оние прекрасни изненадувања кои се случуваат во животот“, објаснила Тина.

Касел исто така во една прилика нагласил дека неговата сопруга е „божествено суштество без кое не би можел да живее“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk