Популарната американска тенисерка со едно видео за Ѓоковиќ ги засрами Австралијците

Супермен

24/01/2022

12:46

17.904

Големина на фонт

а а а

Поранешната американска тенисерка Крис Еверт, споделила видео во кое се укажува на сите добри работи кои претходните години ги правел Ѓоковиќ.

Првиот тенисер на планетата претходната седмица беше стигматизиран и етикетиран како антиваксер поради сето тоа што му се случуваше во Австралија.

Тој сакаше да влезе во таа земја на почетокот на месец јануари, користејќи документи за медицинско изземање поради тоа што не е вакциниран против коронавирусот.


Австралиските власти еднаш му ја укинаа визата, па судот ја оспори таа одлука, сè додека лично министерот Алекс Хок и вторпат не му ја откажа визата на Ѓоковиќ.

Овојпат судот пресуди во корист на Хок и Владата на Австралија, а Новак беше депортиран од Мелбурн.

Заборавено е и тоа што Новак ѝ донирал пари на Австралија кога таму беа пожарите, им помогнал на три земји кога започна корона-кризата, дека сакаше да им помогне и на играчите со помал рејтинг...

„Друга страна од приказната која луѓето мора да ја видат“, напишала Еверт покрај видеото кое укажува на сите информации.

Австралијците, откако го протераа Ѓоковиќ, почнаа да го викаат да се врати наредните години, но со напомена дека ќе мора да се вакцинира против коронавирусот.

Да ве потсетиме, Крис Еверт во кариерата освоила 18 гренд слем титули во сингл (од 34 финалиња), а во распон од 13 години освоила барем по еден секоја година.

Новак има 20, а во Мелбурн планирал да го постави рекордот и да ги престигне Рафаел Надал и Роџер Федерер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk