„Meta“ го креира најголемиот суперкомпјутер на светот, се огласи и Закерберг

Супермен

25/01/2022

15:29

8.761

Големина на фонт

а а а

„Meta“ соопшти дека развива суперкомпјутер, најголемиот суперкомпјутер на светот кој користи вештачка интелигенција.

„AI Research SuperComputer“ ќе биде моќна машина за учење, која во иднина ќе го „оживее метауниверзумот“, наведуваат од компанијата.

„Овој компјутер ќе нѝ овозможи полесна модерација, како и самиот контекст, јазикот и тонот на објавите. Кога ќе биде целосно изграден, бројот на јазли ќе се удвои, што, според нашите сознанија, ќе го направи најбрзиот компјутер за вештачка интелигенција на светот“, изјавил Шубо Сенгута за „CNN“, инженер во „Meta“.


„Компанијата „Meta“ го направи најголемиот суперкомпјутер со вештачка интелигенција во светот, кој го нарекуваме „RSC for AI Research SuperCluster“, а истиот ќе се заврши до крајот на оваа година. Она што сега го правиме и градиме со овој суперкомпјутер наложува милијарди и милијарди операции во секунда во што „RSC“ ќе нѝ помогне, така што вештачката интелигенција ќе може да учи од милијарди примери и да совлада стотици светски јазици, како и многу други работи. Ќе биде одлично“, изјавил Закерберг за „The Register“.

Истражувачкиот супер компјутер ќе содржи 16.000 графички процесори „Nvidia A100“ и 4.000 „AMD Epyc Rome 7742“ процесори.


„RSC“ ќе може да прима 16 терабајти информации во секунда и ќе има меморија од 1 ексабајт, што е 1 милијарда гигабајти.

Покрај чиповите „Nvidia“ и „AMD“, на овој проект работи и компанијата „Penguin Computing“ од Калифорнија која е задолжена за безбедноста и инфраструктурата на суперкомпјутерите со вештачка интелигенција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk