Советничка за кариера советува: Доколку на разговор за работа ја слушнете оваа реченица – бегајте што подалеку

Супермен

22/04/2024

17:19

12.241

Големина на фонт

а а а

Разговорот за работа, особено доколку ви е прв или втор во животот, може лесно да се претвори во вистински кошмар.

И, нималку не ви помагаат луѓето околу вас кои имаат најдобра намера и почнуваат да ве „бомбардираат“ со разни совети, што треба, а што не треба да правите во текот на интервјуто.


На интернет може да најдете илјадници страници со „непогрешливи“ совети во врска со разговорот за работа, но јасно е дека не можете да ги примените во пракса затоа што едноставно нема да имате доволно време да го направите тоа.

Имено, како што постојат реченици кои брзо ќе ве елиминираат од конкуренција, исто така треба да внимавате на фразите кои вашиот иден директор ги користи.

Џенифер Брик, советничка за кариера од Њујорк неодамна се осврнала на овој проблем и на својот ТикТок профил споделила совет за идните работници. Таа издвоила една токсична фраза која ја користат работодавците, а е знак за предупредување за вработените.

„Доколку ја слушнете во текот на разговорот за работа, тогаш подобро е да бегате. Тоа е фразата: Ние сме семејство“, објаснила Џенифер.

Таа додала дека барањето лојалност во „семејното“ работно опкружување врши дополнителен притисок на вработените да работат што повеќе за да ги постигнат потребните резултати.


„Тоа создава нездрава динамика на моќ. Тоа создава опкружување погодно за искористување, вклучување прекувремена работа, преземање премногу задачи, затоа што вие би направиле сѐ за семејството, така?“, изјавила таа и додала дека оваа наизглед наивна фраза ги брише границите меѓу приватниот и деловниот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk