Новите фотографии од актерот од „Home Alone“ ги растажија сите - пред 10 години доживеа мозочен удар, но продолжи со актерството: „Тоа е во мојата ДНК“

Супермен

22/04/2024

11:41

9.728

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер Тим Кари неодамна се појави во Беверли Хилс, во пресрет на неговиот 78-ми роденден кој го прослави на 19-ти април.

Ѕвездата на филмот „Home Alone“ и многу други остварувања, пред 10 години доживеа мозочен удар. Извесен период бил на физикална и говорна терапија, а потоа се вратил на работа, колку што му дозволувало здравјето. Тој истакнува дека многу му помогнал хуморот.


Во 2020 година, актерот се појави на настан во чест на познатиот филм од 1975 година „The Rocky Horror Picture Show“ во кој ја играше главната улога. Ова остварување беше спој на мјузикл и хорор.


Кари изјави за „ABC News“ дека по таа улога наишол на „збунувачки облик на толеранција“. „Тоа не е ниту благослов ниту проклетство. Имав среќа што ја добив таа улога“, нагласил тој.

Пред 9 години, зборувајќи за неговата борба за здравјето по мозочниот удар, тој рече: „Не е тешко да се одржи смислата за хумор, тоа е само дел од мојата ДНК“.


Тим Кари се појавува и во продолжението на споменатиот филм „The Rocky Horror Picture Show: Let's Do the Time Warp Again“, во 2016 година, каде ја играше улогата на наратор. Исто така го позајми гласот во неколку проекти на „Cartoon Network“, пишува „brightside.me“.


Не се заборава неговата важна улога во филмот „Home Alone 2: Lost in New York“, кој премиерно беше прикажан во 1992 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk